Иднината на Големата награда на Мексико е во опасност откако Владата во Мексико Сити официјално потврди дека нема повеќе финансиски да го помага проектот по овогодинешното издание на трката.

Трката се врати во календарот во 2015 година откако 22 години не беше дел од тркачката серија. Автодромот Ерманос Родригез беше темелно реконструиран, а државата се вклучи финансиски да го помогне плаќањето на сумата потребна за организација на настанот.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Клаудиа Шеинбаум, шефот на Владата во Мексико Сити, во својата изјава за El Financiero откри дека финансиската помош од околу 21 милиони долари годишно ќе биде пренасочена кон проектот Возот на Маите кој има за цел да ги пворзе градовите во југо-источниот дел на земјата.

за 2020 година федералната влада нема повеќе обврска да насочува средства кон трката затоа што најголем дел од средствата ги насочува кон завршување на туристичкиот воз на маите – потврди таа.

Шенбаум потврди дека овогодинешниот настан, кој е на програмата на крајот на Октомври, нема да претрпи никакви финансиски кратења.

формула 1 во 20129 година ќе се одржи затоа што веќе потребната сума е насочена за овој проект.

Промотерите на настанот отфрлија да коментираат било што. Промената на располоението на се верува дека е резултат на промената на власта во Мексико, откако претходно владеачката партија претрпе пораз на ланските избори. Националното движење за обнова на Андрес Мануел Лопез Обрадор е во моментов на власт откако клучно ветување во неговата кампања беше да се намали на трошењето и корупцијата.

Големата награда на Мексико заедно со трките во Шпанија, Велика Британија, Германија и Италија немаат договор за 2020 година.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.