Фернандо Алонсо потврди дека Мекларен ќе продолжат да ги користат петочните тренинг сесии за фокусирање на аеродинамички тестови за следната година, а не како подготовка за тркачкиот викенд. Екипата беше во добра форма на почетокот на сезоната, но перформансите им опаднаа како одминуваа трките.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Двократниот првак смета дека ваквата жртва вреди затоа што смета дека сигурно ја загубиле битката за 4то место сзонава која им беше цел.

Работиме многу напорно и длабински за да ги откриеме и отстраниме недостатоците на болидот.

Се наоѓаме во момент кога знаеме точно што треба да направиме, имаме начин да се подобриме, но да речеме дека 70% од знаењето и разбирање на болидот е за следната година затоа што тоа бара време. Ни требаат 3-4 месеци аеродинамички развој во воздушниот тунел за да го постигнеме тоа, така што подобро е тоа време да го инвестираме во 2019 година – смета Нандо.

Шпанецот сеуште не потврди каде ќе се трка следната сезона.

Понекогаш е добро да се влезе длабински во проблемите и перформансите за да се разбере болидот така што сега гледам многу почисто во мојата ининда и ги разбирам сите проблеми.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.