Извршниот директор на Мекларен, Зек , верува дека тимот е на вистинскиот пат за титула иако нема некоја посебна цел оваа година.

Тимот од Вокинг минатата сезона заврши на 6та позиција во конструкторскиот поредок, но немаше доволно перформанси откако се префрли од Хонда на Рено мотор. На средина на сезоната, Мекларен се раздели со Ерик Булие и почна да го гради тимот од ново.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Мекларен нема победено на трка од 2012 година во Бразил, а последен пат заврши на подиум во 2014 година во Австралија. Фернандо Алонсо нема да вози оваа година за тимот, а сезона тимот ќе има комплетно нови возачи и тоа Ландо Норис и Карлос Саинз.

Презентирав петгодишен план и во тој план ние треба да се вратиме на победничките патеки и кога тоа ќе го направиме ќе ја имаме и титулата. Важно е Либерти да ги направи промените во спортот и да видиме каде ќе се движи спортот.

Тешко е да се натпреваруваш со два или три тима за титулата бидејќи работите излегуваат од контрола и тоа може да влијае на останатите кои се обидуваат да победат на трка. Ние имаме долг пат и инвестиција да се вратиме на победничките патеки во дадениот период – посочи браун.

Мекларен минатата сезона се надеваше дека ќе се бори за подиуми, но сепак не успеаа во нивната цел и Браун се надева дека тоа нема да се повтори и нареднава сезона.

Мислам дека не треба да претпоставуваме. Знаеме дека имавме лоши сезони и не сакаме истата грешка да ја направиме. Ние сакаме да напредуваме. Минатата сезона имавме 15 грид казни споредено со 100 претходно. Наша цел е да влеземе во новата сезона и да се бориме за понапред. Знам дека треба да се надеваме, но не знам кога ќе бидеме на добри патеки.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.