Мекларен и Estrella Galicia објавија долгогодишно партнерство со што шпанскиот производител на пиво ќе го постави своето лого на Формула 1 болидот од Вокинг како и на облеките на возачите и персоналот на тимот.

Соработката е првиот нов спонзорски договор на Мекларен сезонава, а на Estrella Galicia ќе им помогне да го промовираат своето врвно безалкохолно пиво Estrella Galicia 0.0.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Компанијата е долгогодишен личен спонзор на Карлос Саинз, но и на МотоГП првакот Марк Маркез, а очигледно е дека ќе продолжи да го поддржува Саинз и во неговото следно Формула 1 поглавје.

пресреќни сме што можеме да го објавиме партнерството со Estrella Galicia 0.0 кое е изградено на заеднички вредности за квалитет и историја. компанијата е голем поддржувач на нашиот спорт и млади талентирани тркачи така што нема подобро време да се приклучи на нашиот тим од оваа година кога имаме млад и возбудлив пар возачи. нетрпелив сум да уживам во нивното пиво на патеката, а предлагам и нашите фанови да го сторат истото – појасни зек браун.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.