Мекларен се плашеле дека Ред Бул ќе “им го украдат“ јуниорот Ландо Норис и ќе му дадат место во Торо Росо, поради што експресно го прекомандуваа во тркачки возач на екиапта од 2019 година. Ландо ќе ја комплетира следата сезона крај Карлос Саинз во портокаловите болиди од Вокинг.

Знаевме дека тој ќе биде “украден“ од некоја друга екипа, но секогаш размислувавме во насока на решавање на сите дилеми набрзо по летната пауза, така што не дека нешто избрзавме со носење одлука. Знаевме дека доколку Ландо не вози за нас следната година, сигурно ќе вози за некој друг во Формула 1, претпоставувам за Торо Росо. Врз база на телефонските разговори кои ги водев, повеќе од еден тим, не само Торо Росо беше заинтересирран за неговите услуги – откри Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун.

Норис е последниот штитеник на Мекларен кој имал поддршка на тимот од јуниорските денови, пред него такви беа и Кевин Магнусен и Стофел Вандорн. Зек е сигурен дека Жил де Феран ќе се погрижи младиот Ландо да не ја доживее судбината на двајцата погоре споменати возачи.

Ќе добие време да се смести и среди, ќе биде на патеки кои претходно не ги видел како на пример Австралија, ќе има и судари и грешки, но мораме да му дадаеме време. Историски никогаш не сме биле добри со млади возачи поради околината во која што работиме.

Поради тоа, бараме од Жил да се осигура дека повеќе нема да ги пвотруваме грешките кои сме ги направиле во минатото.

Норис е поддржан од Мекларен од 2016 година кога ја доби McLaren Autosport BRDC наградата, следната година почна да вози во јуниорски серии и тестираше за Формула 1 тимот како дел од наградата, а ова лето доби прв пат шанса да тестира актуелен болид во Хунгароринг. Годинава британцот беше и официјалне резервен возач за екипата, покрај тестовите во Шпанија и Унгарија, а на последните два тркачки викенди се појави и на првите петочни сесии.

Кога носите одлука, има многу работи кои сакате возачот да ги исполнува, но најпрво секако е брзината, спосбноста за трка, допадливоста, комерцијалната исплатливост… Идеално е да земете некој кој ќе задоволува се, како што е Ландо.

Се што треба да направиме е внимателно да менаџираме со него за да не претераме. Мораме да бидеме претпазливи да не поставуваме недостижни цели пред него, така што не очекуваме дека на првата сесија во Австралија ќе знаеме се – заклучи Браун.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.