Спортскиот директор на Мекларен, Жил де Феран, изјави дека тимот сеуште не донел одлука дали да го повика Фернандо Алонсо да го тестира нивниот нов болид на предсезонскиот тест во Барселона.

Се повеќе има гласини дека Алонсо може да се појави зад воланот на тестот на новиот болид. Иако шпанецот се пензионираше од Формула 1, Мекларен можеби ќе се одлучат да го искористат неговото искуство во Барселона.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Зак Браун изјави дека неговото искуство и талент може да бидат од корист при тестирањето на МЦЛ34 болидот кој треба да биде претставен.

Не знаеме сеуште, се разгледува таа опција.За мене Фернандо е еден од најдобрите возачи во историјата. Неговото возење во Дајтона го покажа тоа повторно. Тој е неверојатен возач – смета браун.

Мекларен се надеваат дека оваа година ќе бидат подобри, но Де Феран е претпазлив и не сака да цели високо.

Сега за сега се е во ред. Очигледно треба да се знае како да се биде конкурентен со нови правила, но треба да ги почекаме тестовите во Барселона. Работиме напорно да ја постигнеме нашата цел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.