Мекларен сакаат Вандорн да го победи Алонсо

230

Во Мекларен сакаат Стофел Вандорн да покаже подобри перформанси и да почне да го победува тимскиот колега со цел да го задржи своето тркачко место за следната година. Белгиецот се мачи со својата форма годинава и има само 8 освоени поени споредено со 44те на Нандо.

Шпанецот сеуште се нема одлучено каде ќе се трка следната сезона, а Стофел е под притисок да се подобри за да го задржи своето место. Тимот јавно откри дека се интересира за Карлос Саинзза 2019 година откако шпанецот стана прекуброен во Енстон.

Не би рекол дека сме разочарани во Стофел, но сакаме да видиме како го победува својот тимски колега почесто, но тоа е така за секого. Сакате да имате конкуренти возачи кои ќе се борат за колку што оже подобар пласман секоја недела.

Вандорн не успева да го направи тоа многу често, но не сме разочарани од него затоа што лани знаеме дека ставивме голем предизвик и многу притисок на него, а годинава исто така не му дадовме добар и конкурентен болид за работа.

Со оглед на талентот и искуството на Алонсо, тој одлично се адаптира на секоја ситуација која не е добра. Сите веруваме во Стофел и ја цениме неговата работа, но во исто време сакаме да го гледаме поблиску до Фернандо – изјави Зек Браун.


Мекларен сакаат Вандорн да го победи Алонсо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>