Мекларен, Рено и Вилијамс го кочат превземањето на Форс Индија

354

Мекларен, Рено и Вилијамс се контра предлогот за превземање на тимот на Форс Индија проади несогласување околу наградниот фонд. Според германски Auto Motor und Sport, шефот на спортот, Чејс Кери, зборувал со сите екипи во Унгарија во врска со одобрување кое е потребо од сите учесници за да се доделат награди и дел од телевизискит еправа на тимот од Силверстон поради тоа што веројатно ќе се натпреварува под друго име.

Мекларен, Рено и Вилијамс се против планот што ќе значи одмагање во преговорите да застане Форс Индија на здрави нозе по постапката за администрација започната во Петок.

Мекларен и Вилијамс веќе подолго време чекаат на моделот за реструктуирање на финансискиот дел на спортот и воведување ограничување на трошењето, додека Рено се незадоволни поради преголемата моќ која ја имаат Мерцдес и Ферари во спортот и начинот на кој прават свои Б тимови.

Доколку не се добие потребната едногласност, Форс Индија може да загуби 150 милиони долари доколку не дојдат до парите од телевизиски права и награден фонд кои им следуваат, а нема да имаат право ни на нагадите од следните неколку години затоа што би имале третман на целосно нова екипа, слично на Хаас.

Доколку преговорите не завршат позитивно, работните места на 400 луѓе во тимот висат на конец, а Формула 1 може да почне со 9 екипи и 18 возачи во 2019 година.


Мекларен, Рено и Вилијамс го кочат превземањето на Форс Индија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>