Мекларен работеле надвор од дозволеното време на Хокенхајм

286

Инжинерите на Мекларен работеле до доцна во ноќта и за прв пат го прекршуваат дозволеното работно време оваа година. Секој тим може да направи два престапа.

Мекларен беа неубедливи на првиот тренинг со само 27 кругови. Фернандо Алонсо беше на 12 позиција во последните моменти на тренингот. Вандорн не успеа да се помести од последната позиција. На вториот тренинг имаа повеќе можности но сепак завршија на 17 и 20 позиција.

На првиот тренинг Мекларен тестираше нови делови за Унгарија. Доста очигледно е дека нешто не е во ред со Мекларен и тие се обидуваат да ги поправат работите.

Тимот се врати во гаражата ова утро да се припреми за третиот тренинг и квалификациите.


Мекларен работеле надвор од дозволеното време на Хокенхајм

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>