Мекларен продал голем дел од историските возила

262
   

Откако финансиските извештаи на Мекларен Груп открија дека е во тек истрага на Британската Валда насочена против некои соработници на компанијата, истите открија дека добар дел од историските болиди кои ги поседуваат се веќе распродадени.

На крајот на 2017 година, историски битните средства на компанијата имале вредност од 3,3 милиони фунти, а по продажба на овие средства биле инкасирани приходи од 30,9 милиони фунти.

Мекларен Рејсинг лимитед има колекција од историски вредни возила односно 152 тркачки автомобили, 4 Формула 1 болиди, 4 историски возила како и 20 резервни Формула 1 шасии. Колекцијата се чува на неколку локации како Технолошкиот центар на Мекларен каде се изложени најголем дел од нив за да посетителите имаат можност да ги видат, во Донингтон Парк тркачката патека, во официјалните салони за продажби на автомобили на Макларен како и на уште неколку безбедни локации.

Менаџирање со така голема колекција одзема значителни ресурси така што во текот на 2017 година менаџментот на Мекларен Груп и Мекларен рејсинг донесоа одлука да почна програма за продажба на ограничен број од овие возила на посебни колекционери низ светот – се вели во извештаите на Мекларен.

Пред една година, во моментот додека Рон Денис ги чекаше своите 275 милиони фунти како плаќање за продажба на својот 25% удел во компанијата беше откриено дека Мекларен обезбедиле 37,5 милиоин фунти со продажба на 13 ретки формула 1 болиди меѓу кои МП4/1-1 од 1981 година, МП4/4-1 од 1988 година, МП4/8-8 од 1993 година и многу редок МП4/8-1 со мотор на Ламборџини кои се наоѓал во музејот на италијанскиот производител. Идентитетот на останатите продадени возила не е познат како и купувачите за истите.

Но, неодамна Инвестициски фонд предводен од Чарлс Латифи, таткото на Николас Латифи, купи значителен удел во Мекларен.

Приходите на групацијата во 2017 година се намалени за 3% на 871 милиони фунти додека профитот пред данок е намален од 1,3 милиоин на загуба од 66 милони.


Мекларен продал голем дел од историските возила

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>