Главниот инженер на Торо Росо, Џонатан , смета дека Мекларен премногу често јавно ја критикувале Хонда за време на нивното тригодишно партнерство, по што јапонците решиле да се насочат кон Торо Росо.

Иако екипата од Фаенца е на 9то место кај конструкторите, нивната соработа со Хонда е одлична. Брзината и ритамот недостасуваа на стартот од сезоната, но моторот значително се подобри како одминуваше сезоната, така што во моментов возат трета спецификација од агрегатот, за која медиумите шпекулираат дека е на рангот на Рено.

Едолс откри дека очекувањата на Торо Росо не биле толку високи кога јапонците дошле да работат со нив и тоа се темелело на јавните критики кои ги слушале од Мекларен.

нашето видување за нив беше под влијание на тоа што го читавме во печатот. во медиумите провладуваше лоша слика за нив, а нивните очекувања беа многу ниски, претерано ниски.

третата верзија на нивниот мотор е јасно подобрување во однос на моќта, а тоа особено го чувствуваме на квалификациите.

издржливоста засега е исто така добра со оглед на казните на гридот кои беа многу, но беа тактички земени – појасни едолс.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.