Мекларен потврди Индикар тест за Алонсо

108

Мекларен потврди дека двократниот Формула 1 првак Фернандо Алонсо за прв пат ќе вози Индикар болид од актуелната генерација следната недела на приватен тест. Компанијата работи заедно со челниците на Индикар правејќи план за влез на “портокаловите“ во американската тркачка серија следната година.

По одлуката на Фернандо да се пензионира на крајот на оваа сезона, за него се интересираат многу тркачки серии. Мекларен потврди дека Нандо ќе тестира на сесија затворена за медиумите и јавноста, но не открија повеќе детали.

Индикар се тркаат во Портланд викендов, а се очекува Нандо да тестира во Барбер на 5 Септември во болид на Андрети, со кои се тркаше на Индианаполис лани.

Веќе подолго време Мекалрен се поврзуваат со Индикар преку сопствена екипа во партнерство со Андрети, со кои партнерски возеа и лани. Но, како можност стои  превземање на некоја екипа како Хардинг која во моментов се наоѓа во тешка ситуација.

Motorsport пренесува дека Мекларен ќе потпише договор за мотори со Шевролет откако ја таскинаа соработката со Хонда, која беше и виновник за откажувањето на Алонсо на Индикар лани.


Мекларен потврди Индикар тест за Алонсо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>