Мекларен-от на Вандорн невозможен за возење

328
   

Стофел Вандорн изјави дека неговиот Мекларен бил невозможен за возење по разочарувачките квалификации во Силверстон. Тој не успеа да го порази својот тимски колега, Фернандо Алонсо, десетта трка по ред.

Разликата помеѓу двата болида беше 9 десетинки, а Вандорн не успеа да се пласира повисоко од првиот квалификациски сегмент, додека пак Алонсо ја нарече сесијата најдобра досега во сезоната.

Денес беше многу тешко. Болидот беше невозможен за возење и не разбирам зошто во моментов.

Мислам дека сме во подобра форма од прикажаното, но утринава нешто беше фундаментално лошо со болидот и не успеавме да дознаеме зошто на време за квалификациите

Не се чувствував удобно, немав никакво темпо. Беше невозможно за возење и не успеав да сторам ништо – изјави Вандорн.


Мекларен-от на Вандорн невозможен за возење

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>