Поранешниот шеф на ЛМП1 програма на Порше, Андреас Сеидл, ќе почне да ја извршува својата нова улога во Формула 1 тимот на Мекларен како оперативен шеф од почетокот на Мај.

Иако уште минатиот месец беше објавено дека Сеидл ќе почне да работи во Вокинг, почетниот датум на неговиот работен ангажман сеуште не беше објавен. Прв работен ден за него во Вокинг ќе биде 1 Мај по крајот на Големата награда на Азербејџан.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Зек , главниот извршен директор на Мекларен откри дека е воодушевен што конечно може да откри кога германецот ќе почне со работа.

ова ќе ни овозможи да добиеме моментум во нашиот план за враќање и гледаме кон напред посакувајќи му добредојде во тимот – изјави браун.

Претходното работно искуство на Сеидл е поврзано со Вилијамс и со БМВ, а пред да почне во Порше, го предводеше ДТМ тимот на БМВ. Заедно со техничкиот директор на Торо Росо, Џејмс Кеј, Сеидл е најзвучно име кое ќе дојде во Вокинг сезонава.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.