Шпекулациите говорат дека Мекларен му дава петочни сесии на Ландо Норис со цел да ги процени неговите можности за евентуален ангажман во тимот догодина, но Спортскиот директор Жил де Феран откри дека всушност младиот британец работи на развојот на болидот. Ландо го возеше МЦЛ33 болидот во Белгија, а ќе го вози и претсојниот викенд во Италија.

Вие тоа го викате проценка на можностите, но јас го викам развој. Тешко е да се процени возач преку неговите перфопрманси во текот на една тренинг сесија или една квалификациска сесија.

Мислам дека треба да се повлечеме и да ја видиме големата слика, исто е за сите. Овие слободни тренинг сесии се давање на шанса на Ландо да помогне во нашиот развоен план – откри де Феран.

Засега, Жил е импресиониран од она што го гледа од Формула 2 тркачот.

Едно нешто што го има е дека се адаптира многу брзо на секоја нова ситуација. Го видов тоа на тестовите кои ги работеше за нас, а го видов и на тренинг сесиите на тркачките викенди.

Како дел од развојот, сакавме да одработи Т1 сесии за нас затоа што нивото на потисна сила е многу поголемо, сообраќајот е густ и сакавме да му дадеме такво искуство.

Многу брзо “влезе во штосот“ и заврши одлична работа за нас, не погреши и беше супер – полн со пофалби е де Феран.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.