Формула 1 тимот на Мекларен потврди дека Џејмс Кеј, техничкиот шеф на Торо Росо, ќе почне да работи за нив од следната сезона.

Уште во Јули вториот најтрофеен Формула 1 тимот откри дека Кеј ќе замине од Фаенца и ќе дојде во Вокинг, но Торо Росо побрзаа да објават дека Џејмс има долгорочен договор со нив и доколу некој го сака, треба да преговара за тоа.

На прес конференцијата во Абу Даби, Зек откри дека таа работае завршена и дека Џејмс ќе стане дел од “портокаловите“ следната година, иако сеуште не е дефинирано кога во 2019 година ќе се случи трансферот.

Кеј откри дека инженерот нема да има свој придонес во дизајнот на болидот за 2019 година, но за тоа биле свесни кога почнале преговорите и дека имаат долгорочен проект на ум.

јасно е дека го земавме поради неговиот огромен талент. пет фрај и андреа стела и сите во дизајнерскиот тим работат одлично заедно. се наоѓаме во момент на враќање на резултатите, а за таква промена треба време, тоа не се случува преку ноќ.

возбудени сме што џејмс ќе почне да работи со нас, но нема никаков придонес, совет или комуникација со него во врска со болидот за 2019 година – објасни зек браун.

Кеј своето име го градеше низ помалите и не толку конкурентни екипи. Почна во Џордан и остана кога тие беа Мидланд и Спајкер, беше дел од Форс Индија на почетокот од постоењето на тимот, стана и нивни Технички директор, потоа кусо беше во Заубер за да од 2012 година е во Торо Росо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.