Мекларен одбиле понуда од Торо Росо за Норис

85

Мекларен одбиле конкретна понуда од Торо Росо која се однесувала за услугите на нивниот возач Ландо Норис, според која тој би требало да биде позајмен во Фаенца следната сезона.

Иднината на Брендон Хартли во Формула 1 е неизвесна, а доктор Хелмут Марко јавно изрази сомнеж во перформансите на новозеланѓанецот. Како замени за Хартли се споменуваа најчето Роберт Кубица и Паскал Верлејн, но во последно време најактуелен е Норис.

Ландо се најавува како следната ѕвезда на тркањето, во моментов е водечки во Формула 2 поредокот, а е под договор со Мекларен и веројатно дека наскоро ќе почне да вози за нив.

Не сме изненадени што други екипи се интересираат за наши возачи. Тие веруваат во талентот на нашите млади пилоти како што веруваме и ние – гласи официјалната изјава од Мекларен.

Торо Росо сеуште не излегле со коментар на оваа вест.


Мекларен одбиле понуда од Торо Росо за Норис

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>