Со слика од две кациги во срце и порака “некои болиди се врвени, некои се сини, а на денот на вљубените ќе ти го покажеме нашиот“, тимот на Мекларен најави датум за промоција на својот кандидат за 2019 година.

Мекларен МЦЛ34 ќе означи нова ера за тимот по Фернандо Алонсо и неговата одлука да се откаже од Формула 1. Карлос Саинз и Ландо Норис седнуваат во кокпитот следната година за да го вратат тимо на славното минато, годинава со помош на агрегатите на Рено.

Ланскиот МЦЛ33 беше тежок за возење, а екипата се мачеше да ги открие и отстрани проблемите кои беа доста на број. 14 Февруари е денот кога ќе го видиме новиот Мекларен.

До сега Рено откри дека на 12 Февруари ќе го прикаже својот болид, ден пред Рејсинг Поинт, додека на 15 Февруари истото ќе го стори и Ферари. ПРвиот предсезонски тест е 18-21 Февруари, а втоиот 26 Февруари до 1 Март.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.