Главниот извршен директор на , Зек , побара од Либерти Медиа да се бори против опозицијата на новите правила по 2021 година.

Сопствениците на тркачката серија бараат радикални промени по 2021 година, целосно нов концепт на болид, буџетско ограничување и фер дистрибуција на приходите, со цел повозбудливо тркање и неизвесност. Браун смета дека е многу важно шефовите на спортот да ја замолчат опозицијата.

знаеме дека секакви промени во формула 1 се тешки и исто така знаеме дека денеска спортот е модел кој не работи, како бизнис и како производ кој го гледаме на патеката и поради тоа мора да биде променет. оние кои денеска победуваат секако дека се чувствуваат загрозени од било какви промени, а оние кои не победуваат го сакаат тој план.

неизбежно е чејс кери да направи план, кој не мора да им се допадне на сите, но треба да продолжиме да се движиме кон напред и да напредуваме, без разлика што некој може да мисли дека тоа не е во најдобар интерес на спортот.

на крајот на денот, тоа што е во најдобар интерес на спортот на долг рок е во најдобар интерес на сите и доколку луѓето не се подготвени на кусорочни компромиси тоа е нивни проблем. доколку формула 1 остане ваква, сите губиме – појасни браун.

Првичните планови за по 2021 година беа откриени лани по трката во Бахреин, а сега се работи на деталите.

најголем дел од екипите дадоа поддршка на она што беше презентирано во бахреин, а одтогаш само се копа во длабочина, што е точно буџетско ограничување, а што не. сите тимови не се согласуваат, но најголем дел се согласни.

ние во мекларен дадовме целосна поддршка на она што беше презентирано во бахреин и мислиме дека колку поскоро дојдеме до фаза на имплементација ќе биде подобро за сите. верувам дека чејс и рос ќе побрзаат. но, мислам дека некои сеуште се немаат согласено со презентираното во бахреин – смета зек.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.