Во Мекларен се убедени дека губитокот на Фернандо Алонсо годинава нема да ги остави без соодветен репер според кој може да ја мерат конкурентноста на својот Формула 1 болид.

За шпанецот минатата година беше последна во Формула 1, а претстојнава година во тимот доаѓа неговиот сонародник Карлос Саинз заедно со младиот штитеник на тимот и Формула 2 вице-шампион, Ландо Норис. Главниот човек во Мекалрен, Зек , смета дека тандемот е способен да работи како и Алонсо и да доведе до напредок на тимот.

карлос има многу големо искуство и добар е во неколку тимови за кои возел. ландо е докажано дека е многу брз и мислам дека ќе извадат максимум од нашиот болид и ќе ни дадат одличен фидбек. некој како ландо нема искуство како фернандо или пак може да даде фидбек на такво ниво и јасно е дека ќе му треба време да се развие, но карлос веќе ја вози својата 5та формула 1 сезона – објасни зек.

Карлос веќе возеше за Мекларен на пост-сезонскиот тест во Абу Даби, а помина и неколку денови околу Божиќ во фабриката на тимот во Вокинг со цел подобро да се прилагоди на новата средина. Зек Браун е импресиониран од досегашниот простапк на Саинз и е убеден дека ќе има добри резултати со нив.

го запознав карлос уште пред да потпишеме со него, веднаш ми се допадна, во спротивно немаше да му понудиме договор. сепак, морам да направам паралела од него како личност и како возач. како личност е многу добро менаџиран, образован, интелигентен, цел живот околу моторспортот и ми се допаѓа неговиот став. лесно може да му се пристапи, пријателски е настроен кон спонзорите и мислам дека одличен пакет надвор од патеката, посветен, прашува многу, зрел е за возраста и долго време во серијата.

како возач, од тоа што го видовме до сега, импресионирани сме, агресивен е, фантастично работи со инженерите и сака да знае што се случува.

долго зборува по телефон со мене и инженерите, тоа го правеше цело време по крајот на минатата сезона, а многу разговараше и со фернандо. возбуден е што ќе ни се приклучи и мислам дека е вистински возач за д не врати на правиот пат – заврши браун.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.