Спортскиот доректор на Мекларен, Жил де Феран, изјави дека тимот намерно “погрешил” со изборот гумите, а не дека заборавиле да поднесат точна номинација во предрет на теката.

Мекларен имаа само четири сета суперсофт во Сузука, три помалку од најниската алокација и двојно сетови од медиум гумите.

Во Белгија тимот имаше идентичен избор иако таму имаше избор на медиум, софт и суперсофт. Се појавија гласини дека Мекларен заборавиле да го известат Пирели за изборот и произведувачот им донел стандардна понуда.

Претходно оваа година разбравме дека нашиот болид работи подобро со тврди компоненти, а посебно на технички патеки. Го потрошивме цел викенд да се справиме со нашиот избор. Тоа е што е. Ова е наша намерна селекција – појасни де Феран.

Мекларен се мачеа со темпото во Јапонија, а нивните возачи завршија на 18та и 19та позиција. Возачите веруваат дека и со други гуми немало да се направи разлика.

Можеби немавме најдобар болид за квалификациите и затоа немаше да имаме разлика во перформансите. Имаме потврди гуми и утре, ако е жешко можеби тоа ќе ни користи – изјави Вандорн.

Алонсо додаде:

Го поминавме целиот викенд со гуми со кои ќе се тркаме. Тоа е најдобра припрема за трката.

Де Феран изјави дека превзема целосна одговорност за тоа.

Ако погледнам наназад можеби би имал друга наредба. Момците работат со плановите, кои гуми да се користат и кога и ако погледнеме на податоците од квалификациите ние имаме добар баланс. Мислам дека момците не можеа да извлечат повеќе.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.