Мекларен и Алонсо ќе преговараат летоска

96

Зек Браун, првиот човек на Мекларен откри дека екипата ќе започне преговори со Фернандо Алонсо за 2019 година на средина до сезоната во текот на летниот период.

Годинава не е согласно планот во Вокинг, но очекуваат подобри перформанси на трките кои следат особено по новиот аеродинамички пакет кој го претставија на последната трка.

Сакаме да продолжиме со Алонсо долги години, а и тој сака да продолжи со Мекларен. Формула 1 е негова страст, но долго време е во тркачката серија во кое нема некој значаен резултат. Ќе видиме.

Тој го сака Мекларен, ја сака работата која ја правиме и мислам дека не бил волку среќен во некоја друга екипа.

Ќе седнеме кон средина на сезоната и ќе видиме. Тој ќе има можност да види како ќе се развива и подобрува болидот кој ќе го носиме на трките.

Мислам дека срцето на Фернандо е во Формула 1 и во Мекларен. Тој сака да победува – изјави Зек за шпански AS.

Мекларен нема возач под договор за 2019 година. Стофел Вандорн е под притисок да се докаже годинава, но Ландо Норис чека од позадина во Формула 2 серијата.


Мекларен и Алонсо ќе преговараат летоска

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>