потпиша повеќегодишен спонзорски договор со (British American Tobacco), тутунскиот гигант кој порано беше сопственик на БАР Формула 1 тимот.

БАТ во 1997 година го купи Тајрел, но формално влезе во тркачката серија две години подоцна откако го преименува тимот во Бритиш Американ Рејсинг (БАР). Екипата немаше победа се до 2006 година кога стана фабричка екипа на Хонда, а БАТ имаа периферна улога поради забраната за рекламирање на тутунски производи. Во 2007 година јапонска Хонда и БАТ целосно ја прекинаа соработката.

Мекларен најави дека има глобално партнерство со БАТ и ги враќа во Формула 1 за прв пат откако Хонда ги наследи БАР и три денови пред британците во Вокинг да го покажат својот нов болид.

Враќањето на “цигарџиите“ од БАТ доаѓа брзо по враќањето на Филип Морис со свои производи на Ферарито од Маранело. Тие најавуваат дека ќе имаат присуство на болидот и надвор од него во текот на сезоната, но се ќе биде во согласност со постоечките закони.

Мекларен објавија дека партнерството со БАТ ќе биде со цел забрзување на агендата за трансформирање на БАТ кон портфолио на помалку ризички производи со цел подобро утре за корисниците на тутун и никотин.

им посакуваме добредојде на бат во тимот на мекларен и ја поддржуваме нивната амбиција да испорачаат значајни и трајни промени преку иновации. агендата за трансформирање на бат е сведена околу ова партнерство и ние сме задоволни што ќе го поделиме нашето техничко искуство и помош на нив – изјави зек , главниот извршен директор на мекларен.

ние сме многу горди и возбудени за ова ново партнерство кое ќе ни овозможни дополнително забрзување на ритамот со кои се иновираме и трансформираме. тоа ќе ни биде гловална платформа која ќе ни донесе поголем успех во нашето потенцијално намалување на ризичноста на нашите производи вклучително и Vype, Vuse и glo брендовите. на крајот, иновацијата и технологијата ќе не поддржав во создавање на подобро утре за потрошувачите низ цел свет – изјави кингсли витон, главниот за парметинг во бат.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.