Мекларен го враќа Фрај

161

Мекларен го враќа поранешниот технички шеф Пет Фрај во Формула 1 како дел од обидите за подобрување на техничкиот оддел.

Фрај последно работеше за Манор пред тимот да пропадне.

Мекларен во моментов прави целосна реконструкција и додека го чекаат нивниот нов технички шеф Џејмс Кеј тие го носат Пет Фрај на помош.

Веќе некое време има разговори и веќе е дојдено до договор да дојде во тимот како шеф на инжинеринг. ТОј веднаш ќе започне со работа.

Фрај претходно има работено за Бенетон и од 1993 до 2010 има работено во Мекларен.

Потоа беше заменик технички шеф на Ферари од 2010 до 2014 пред да биде заменет со Џејмс Алисон.

Фрај ќе работи на припремата на Мекларен за новата сезона кога тимот ќе стане единствен муштерија на Рено.

Мекларен има проблеми во последните сезони и поради тоа прават реструктурирање на организацијата.

Прво замина Ерик Булие, па Тим Гос и последно Мат Морис и потоа беше најавен Кеј кој ќе ги води проектите кога ќе биде ослободен од Торо Росо.


Мекларен го враќа Фрај

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>