Мекларен побрзаа да ги негираат пишувањата на британските весници дека нивниот долгогодишен акционер Мансур Оџех ги напуштил директорските позиции во компанијата. Сторијата која ја објави лондонски Independent потенцираше дека согласно документите на компанијата, Оџех повеќе не држи директорска позиција. Но, веста беше избришана од веб сајтот на весникот.

Сторијата на британски Independent и новинарот Кристиан Силт е целосно неточна. Мансур Оџех не ја напуштил компанијата и останува Директор во Мекларен Груп, втор најголем акционер и целосно вклучен во работата на Извршниот комитет на Мекларен – гласи соопштението од компанијата.

Во исто време, британците додаваат дека се наоѓаат во процедура на поедноставување на корпоративната струкгура согласно планот за реорганизација.

Важен дел од реорганизацијата беше одлуката на Мекларен Груп да смести извршни директори во Бордовите на компаниите и да нема повеќе неизвршни членови во истите поради неколку причини. Мансур едноставно е неизвршен директор.

Но, извршните директори кои одлучија да ги напуштат своите позиции во Бордовите на поврзаните компании останаа директори на матичната Мекларен Груп Лимитет.

Во пракса ништо не е променета освен начинот на одлучување кој е поефикасен и попрактичен – завршуваат од Мекларен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.