Мекларен: Блиску бевме до договор со Рикардо

303

Даниел Рикардо го најави трансферот во Рено за 2019 година во Петок, завршувајќи ја својата кариера со Ред Бул, но шефот на Мекларен, Зек Браун, смета дека неговата екипа била блиску до договор со австралиецот.

Шокантниот премин на Рикардо во Рено беше новост за сите, бидејќи многумина сметаа дека тој ќе го продолжи договорот со Ред Бул, додека Мекларен и Ферари беа сметани како можни дестинации. Браун признава дека Мекларен имале разговори со Даниел околу замена за Фернандо Алонсо или Стофел Вандорн.

Имавме неколку одлични состаноци и ние сме големи фанови на Даниел. Мислам дека тој е одлично момче и одличен тркач. Колку блиску бевме за тој да дојде кај нас, мислам дека само Даниел го знае одговорот на тоа прашање.

Доколку ние бевме поконкурентни, тоа сметам дека ќе ни ги зголемеше шансите. Мислам дека тој имаше голема желба да замине и најверојатно беше многу блиску помеѓу нас и Рено, но на крајот Даниел е најдобро да ви каже колку блиску. Но тој е дефинитивно возач кој многу го вреднуваме – вели Браун.

Потегот на Рикардо ги зголеми шпекулациите во пазарот на возачи, а многумина се прашуваат што ќе се случи следно, но Браун инсистира дека ситуацијата нема да ги промени плановите на Мекларен.

Мислам дека доведе до голема варијабила за некои други тимови, но ние имаме планови кои ги исполнуваме, а одлуката на Рикардо нема да влијае над истите – додаде Браун.


Мекларен: Блиску бевме до договор со Рикардо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>