Лорен Мекиес ќе ја одработи првата трка како спортски директор на Ферари престојниов викенд во Абу Даби.

На почетокот од сезоната Скудерија Ферари потврдија дека поранешниот Заменик директор за трка и безбедност во ФИА, Лорен Мекиес, ќе почне да работи за нив од крајот на ова првенство. Првично се сметаше дека французинот ќе добие некаква техничка улога и ќе му одговара на Матиа Биното, но Маурицио Аривабене потврди дека Лорен ќе биде нивни нов спортски директор, позиција која е празна од заминувањето на Масимо Ривола во 2016 година.

Мекиес почна да работи во ФИА во Октомври 2014 година и беше задолжен за безбедноста во сите шампионати под капа на Федерацијата како и истржувањето и развојот и активностит поврзани со хомологацијата.

лорен совршено одговара за позицијата спортски директор и поради тоа ќе ја извршува таа улога кај нас следната година – откри маурицио аривабене.

Статистички, Ферари ја има најсилната сезона од 2008 година кога станаа конструкторски шампиони, годинава победија на 6 трки и се бореа за титули до последен момент.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.