Мајлс: Се надевам Алонсо ќе вози во ИндиКар

75

Претседателот на ИндиКар Марк Мајлс се надева дека Фернандо Алонсо ќе вози цела сезона во 2019 година.

Алонсо има намера да ја освои тројната круна во моторспортот, а веќе има победа на Ле Ман и во Монако. Му останува уште Инди500 а можноста за тој да биде дел од американската серија се зборува веќе подолго време и е дел од листата на шпанецот.

Тој во средата тестираше со Андрети на Барбер Парк што е за прв пат да проба ИндиКар на улична патека.

Мајлс и основачот и претседател на КОТА Боби Епстин дадоа мислење за потенцијалното влегување на Алонсо.

Знам дека на тоа работат повеќе страни. Се надевам дека тој ќе вози цела сезона наредната година. Сеуште нема краен рок. ДУри утре веќе луѓето ќе знаат дека на него му е добро во Инди и на патеки како Барбер. Се надеваме дека ќе дојде. Ако се случи тоа ќе ни донесе раст.

Епстин го познава Алонсо уште од времето кога КОТА стана дел од Формула 1 и се надева дека шпанецот ќе дојде во ИндиКар.

Од наша гледна точка, да го имаме Алонсо е одлично. Мислам дека тоа зборува за возбудата на возачите да се дел од ИндиКар. Тој е многу искусен и што и да одлучи мислам дека во еден момент сака да се трка во ИндиКар и тоа зборува за квалитетот на шоуто и натпреварувањето.


Booking.com

Мајлс: Се надевам Алонсо ќе вози во ИндиКар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>