Мајами ќе гласа за Ф1 трка

180

Градската комисија во Мајами ќе гласа околу плановите за организација на Формула 1 трка во иднина, која би почнала да се одржува од 2019 година. Вестите кои стигнуваат велат дека претставници од најголемиот град во државата Флорида преговараат со раководството на Либерти Медиа околу потенцијална градска трка, втора во календарот во Соединетите Американски Држави.

Портпаролот на комисијата потврди за Miami New Times дека следната недела ќе се гласа за тоа дали се продолжат преговорите со Формула 1 за организација на Гранд При трка, веројатно во Октомври следната година.

Во Ноември лани, првиот човек на Формула 1, Чејс Кери, се сретна со Градоналачникот на Мајами, Франсис Суарез, за да се почнат преговорите за организација на градска трка со цел да се зголеми присуството на тркачката серија во Северна Америка.

Од отварањето на Патеката на Америките во 2012 година, Тексас е единствено место во САД каде Формула 1 се трка, по пауза од 2007 до 2012 година која ја имаше серијата на тој континент. Патеката крај Остин има договор заклучно со 2021 година.

Против трка во Мајами е локалното население кое се противеше и на Формула Е трката во 2015 година поради бучавата и гужвата која ја создаваат, како и поради уништување на зеленилото.

Годинава Мајами ќе биде домаќин на F1 Live настан, налик на ланскиот кој се одржа во Лондон, непосредно пред одржувањето на Американското Гранд При во Октомври, што може да е само предвесник на можна организација на трка.


Мајами ќе гласа за Ф1 трка

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>