Матешич: Рено има подпросечен мотор

222

Според сопственикот на Ред Бул, австрискиот милијардер Дитрих Матешич, можноста да се вози со мотори на Хонда следната година е одлична за неговата екипа. На последната трка во Германија, Рено моторот на Даниел Рикардо откажа, иако составни компоненти беа променети претходниот ден.

Матешич ја пофали одлуката на челниците на екипата да се префрлат на јапонскиот мотор за следните две сезони по долгото партенрство со французите.

Последните неколку години сме помеѓу топ екипите, а тоа го правиме со подпросечен мотор кој го имаме во нашиот болид – изјави Дитрих за Welt am Sonntag.

74-годишниот бизнисмен откри дека минатите години во Милтон Кинс немале друг избор освен да ја продолжат соработката со производителот од Вири.

Ферари и Мерцедес беа под ризик од фактот дека со нивниот мотор Ред Бул можеше да биде побрз од нивните фабрички екипи и поради тоа не сакаат и не ни дадоа нивни мотор.

Тој верува дека иднината носи одлична и плодна соработка помеѓу неговата екипа и Хонда од каде што ќе се користат мотори следните две години.

Решение за нашиот проблем е партнер кои ги има сите предиспозиции за развој на врвен мотор и совршено се вклопува во имиџот на Ред Бул. Се разбира дека цел е самиот врв – најави Матешич/


Матешич: Рено има подпросечен мотор

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>