Фелипе верува дека Себастиан е поголем виновник од за пропуштената титула оваа сезона.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Германецот сонува да стигне до својата прва титула со Ферари, но по неколку грешки во вториот дел од сезоната, Мерцедес и Луис Хамилтон стигнаа до насловот на трката во Мексико Сити.

Многумина сметаат дека 2018 година е пропуштена можност за Скудерија кои имаа силен и брз пакет, способен да го порази В09 од Мерцедес, но комбинација од грешки по летната пауза донесоа до губење на титула.

фетел и ферари пропуштија шанса годинава, а сметам дека себастијан е повеќе виновен одошто екипата. особено болна беше германија каде тој требаше да победи и да освои цели 25 поени, но имаше и грешки во некои од квалификациските сесии, погрешни стратегии и непотребни контакти со кокннурентите. тој повеќе грешеше од ферари – изјави фелипе маса за бразилски Globo.

Поранешниот возач на Ферари најави и дека смета оти Луис Хамилтон е очигледен кандидат за титула и следната година.

веќе е возач со најмногу пол позиции во историјата и е блиску до рекордот за најмногу победи. има 33 години и е очигледен кандидат за титулата следната година. има шанса да ги сруши сите рекорди – смета бразилецот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.