Поранешниот Формула 1 возач, Фелипе , изјави дека е среќен што годинава не возел за неконкурентните Вилијамс.

По долгогодишна кариера, сезонава ќе биде прва за бразилецот во која трката на Интерлагос ќе ја следи од трибините. Тој возеше во Формула 1 од 2002 година до 2017 година, а кариерата ја заврши во Вилијамс.

да бидам искрен кога го гледам болидот на патекта и позицијата во која се наоѓа, навистина не сакам да го возам и да бидам во таква ситуација. благодарен сум за своето формула 1 искуство и за мене природно е на интерлагос да бидам доле на патеката, но моите планови за иднина не ја вклучуваат формула 1.

Во моментов Бразил освен со трка, во врвот на моторспортот учествува со двајца тест возачи, Пиетро Фитипалди кој следната сезона ќе биде дел од тест тимот на Хаас и Серџо Сете Камара кој ќе тестира во Вокинг кај Мекларен.

секако дека е убаво да се видат Пиетро Фитипалди и Серџињо Камара и тоа дека се стекнуваат со искуство. Се надевам дека Бразил ќе добие повторно формула 1 возач, но денеска тест возач не значи многу. кога почнував во формула 1 тоа беше престижа затоа што се тестираше секојдневно – објасни маса.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.