Маса смета дека Леклер е позрел од Верстапен

193
   

Бразилецот Фелипе Маса е возач кој долги години возеше за Скудерија Ферари, а таму дојде од Заубер каде италијанците го пратија на учење. Неговиот пат го следи и Шарл Леклер кој следната година ќе вози за екиапта од Маранело, а Маса смета дека Скудерија направиле вистински потег.

Направија одлична работа затоа што покрај огромниот талент тој има многу паметна глава на рамената и по мене е далеку позрел од Макс Верстапен. Убеден сум дека еден дек ќе успее да стане првак, а заедно со Себастијан Фетел ќе се притискаат силно следната година. Тандемот возачи на Ферари за 2019 година ќе биде одличен – смета Маса.

Многумина во Макс Верстапен гледаат предводник на млада генерација возачи кои ќе владеат со Формула 1 во иднина. Во таа група се и Шарл Леклер, Естебан Окон, Карлос Саинз и Пјер Гасли. 21-годишниот Верстапен веќе има “име“ во спортот и му претстои долга кариера, а една година помладиот Леклер е на сличен пат откако влезе во серијата на почетокот од годинава.

Мислев дека Ферари има одлична шанса за титула, многу наврати покажаа дека имаат подоар болид, но Мерцедес подобро се разви во текот на сезоната. На почетокот успеваа да дојдат до поени многу често поради грешките на Ферари како во Хокенхајм и Монца, но сега имаат вистинска предност.

Во исто време имаат способност да останат мирни и сконцентрирани и покрај водството, не ставаат никаков притисок на Хамилтон чии последни 3-4 трки беа неверојатни. Тешко е да се најде некој на негово ниво во моментов.

Самиот сум бил дел од Маранело и присокот таму не се споредува со притисокот во никоја Формула 1 екипа на гридот – заврши бразилецот.


Маса смета дека Леклер е позрел од Верстапен

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>