Поранешниот Формула 1 возач, Фелипе , верува дека притисокот и обврската да се победи во е главен проблем за неговиот поранешен тим.

Бразилецот мина осум сезони во Маранело и победи 11 пати возејќи го црвениот болид, а смета дека последните две сезони неговите проанешни работодавачи направиле фантастична работа со два модели кои силно го притиснале Мерцедес. Сепак, тој смета дека проблемот во Скудерија е тоа што сеуште се под влијание на културата која ја наметнал Жан Тод, иако французинот повеќе не е дел од екипата.

многу работи се случуваат на тежок начин во тимот во однос на притисокот, а истите многу силно се чувствуваат. работите беа малку полесни порано затоа што под раководство на жан тод имаше одлични резултати.

жан е човек кој има одлични лидерски способности и го држеше секој дел од тимот среден. тој знаеше да направи одреден оддел да работи одлично со друг без никаков притисок, но по него работите почнаа да се случуваат на многу поинаков начин. ферари сега чувствува огромен притисок и обврска да победува секогаш, а тоа е голем проблем – појасни маса кој по престојот во вилијамс мина во формула е.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Сепак, Фелипе смета дека Матиа Биното подобро ќе се носи со притисокот одошто тоа го правл Маурицио Аривабене.

биното е многу смирен човек, тој е човек кој има капацитет мирно да ја спроведе работата и можеби да апсорбира дел од притисокот за да останатите може мирно да работат. но, ова е нов момент за него, никогаш не бил шеф на тим.

ќе видиме што ќе направи затоа што се работи за многу важна промена. ќе стане шеф, но дали ќе продолжи да работи и во техничкио дел. реално, ако не работи и таму, тоа не е добро. му посакувам се најдобро затоа што го знам од моето време во ферари.

Лани тимот и Себастијан Фетел направија доста грешки кои ги чинеа титули, но сезонава направија големи промени меѓу кои и рокада на возачите со Заубер, односно беше заменет Кими Раиконен со Шарл Леклер.

тимот има моќна техничка структура и многу добри возачи. за мене ферари направи одличен потег со леклер. дечкото може да биде супер шампион во иднина и се надевам дека тоа ќе биде блиска иднина – заврши бразилецот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.