Маса до Ботас: Почитувај, но ќе те уништи

719
   

Фелипе Маса е возач кој е навикнат на тимски наредби за време на својот престој во Ферари кога редовно чуваше грб на кандидатот за титула, така што по сагата на Мерцедес во Русија, тој е дефинитивно повикан да го каже своето мислење. Бразилецот смета дека помошта која Валтери му ја даде на Луис е дел од спортот.

Тимските наредби од Сочи го променија текот на трката, што никогаш не е добро, но е дел од спортот. Можеби со 40 поени предност немаше голема потреба да се заменуваат позициите, но сите имаат слободно право на избор. Можеби годинава во Ферари нема такви наредби, тимски нареби не сакам ни јас, но додека правилата ги дозволуваат ќе ги гледаме.

Да се загуби трка на таков начин без ништо да погрешите боли многу. Два пати ми се случи такво нешто со Кими Раиконен и Фернандо Алонсо – откри Маса во својата изјава за италијански Corriere della Serra.

Најстрашниот момент од таков вид за Маса дојде во 2010 година кога од боксот на Ферари му го јавија сега веќе фамозното:

Фернандо е побрз од тебе. Фернандо е побрз од тебе. Потрди дека ја разбираш пораката.

Маса со тага се присетува на трка.

За мене тоа беше страшно лоша ситуација затоа што не бевме ни на средина од првенството, а таа трка беше моја да ја победам. Тажно е за возач кога мора нешто да почитува, но тоа со тек на време ве уништува.

Случката од Германија се случи во време кога тимските наредби беа забранети согласно правилатал

Забрана на тимските правила нема да промени многу затоа што тимовите ќе измислат шифрирани пораки пред трката за да се договорат за стратегијата.

Му дозволија на Раиконен да ме мине во Бразил на последната трка која го направи шампион во 2007 година, но тоа беше исправна работа иако екипата не го побара тоа од мене.


Маса до Ботас: Почитувај, но ќе те уништи

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>