Поранешниот Формула 1 возач, Фелипе , ја разбира одлуката на Даниел Рикардо да го напушти третиот тим во првенството, Ред Бул. Минатата недела за зачуденост на многумина, австралијанецот најпрво откри дека нема да потпише нов договор со екипата од Милтон Кинс, а потоа објави и дека ќе се пресели во Енстон и ќе вози за фабричкиот тим на Рено.

Ако се анализира конструкторскиот поредок јасно се гледа дека тоа е назадување на Даниел во однос на квалитето на болидот, нешто што велеше дека е клучно при изборот за својот следен работодавец.

Шпекулациите велеа дека добил лукративен договор кој не можел да го одбие, а Кристијан Хорнер не се плашеше да изјави дека Рикардо ќе зажали.

Даниел, како и сите останати кои следат Формула 1, не знае што ќе се случува со моторите на Хонда следната година. Во исто време тој не е среќен и задоволен од соработката со Макс Верстапен. Јасно е дека неговиот потег е ризичен и може да се покаже како погрешен – гласи изјавата на маса за бразилски Globo.

Австралијанецот ќе стане тимски колега со Нико Хулкенберг за кого 2019 година ќе биде трета во Рено, а во Енстон прекуброен ќе стане Карлос Саинз кој веројатно дека ќе добие шанса во Ред Бул каде ќе се бори за слободното место со Пјер Гасли.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.