Фелипе Маса вели дека е вознемирен по коментарите на неговиот поранешен тимски колега во Вилијамс, Ленс Строл, кој вели дека не добил помош и насочување од бразилецот минатата година, кога беа тимски колега во Гров.

Вилијамс побараа од Маса да го продолжи својот договор за уште една сезона, со цел да имаат искусен возач покрај дебитантот Строл, а дуото му помогна на тимот да завршат на петто место во пласманот.

Маса беше заменет со Сергеј Сироткин во 2018 година, а Строл пак го негираше бенефитот од возењето покрај ветеран.

Мислам дека не добив никакви совети од него минатата година. Не знам зошто луѓето мислат дека тој ми бил тренер или ментор – гласеше изјавата на Строл.

Маса тогаш изјави дека било подобро воопшто да не коментира, но сега одговори на забелешките на канаѓанецот, додека беше гостин на ТВ шоу во Бразил.

Направив многу за него, со целосна скромност. Прв пат кога го запознав, тој имаше 7 години, така што беше задоволство што беше покрај мене, да се обидам да му помогнам.

Тој дојде во спортот, со проблеми со брзина, разбирање на Формула 1 болидот, како функционираат пневматциите, имаше само 18 години. Јас бев близок со него, разговаравме многу, се обидов да му помогнам во работи во кои не сум видел други возачи да помагаат.

Ниту Шумахер не го направи тоа за мене, што јас пробав да го направам за него. Бев вознемирен кога ги слушнав неговите коментари, бидејќи не беше така. Но нема проблем – појасни бразилецот.

Строл и Маса имаа мало несогласување откако започна сезоната, базирано на критиките на Маса за изборот на Вилијамс да има двајца млади, добро спонзорирани возачи. Маса, кој сега е претседател на картинг одделот на ФИА и се подготвува за својата прва Формула Е трка, повторно истакна дека одлуката на Вилијамс не била правилна.

Строл се приклучи на тимот поради парите кои ги донесе. Јас потоа заминав, а тие донесоа друг возач кои исто така донесе парични средства со него. Тие не се обидоа да го донесат најдобриот возач – додаде Фелипе.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.