Фернандо Алонсо секако дека е прв кој сака да ги заборави своите последни четири Формула 1 сезони, речиси секогаш се наоѓа константно на опашката од гридот, откако дојде во Мекларен од Ферари каде во 5 години два пати беше кандидат за титула. Неговиот колега во деновите во Маранело, Фелипе Маса, се запрашува зошто Нандо уште одма не ја напушти тркачката серија.

Да бидам искрен, ако јас бев Фернандо и се борев да завршам на 15то место, веднаш ќе заминев, уште пред крајот на сезоната. Не му треба ова, не треба да биде таму затоа што не е дел од плановите на тимот за следната година поради што нема зошто да ја завршува сезоната со нив. Најдобро ќе бид уште веднаш да го пуштат да си замине – објасни бразилецот Фелипе Маса во своето интервју за шпански АЅ.

Последниот подиум за двократниот првак беше за време на Големата награда на Унгарија во 2014 година, негова последна која ја мина во Ферари. Потоа мина во Мекларен и нема топ 3 пласман, но има 28 незавршени трки и подпросечни перформанси. Медиумите пренесоа дека возачот од Овиедо бил главен во борбата во Мекларен да се раскине договорот со Хонда.

Како и на мене кога престанав да се тркам, сигурно дека ќе му недостасува тркањето и натпреварот, но тој нема да престане да вози. Здодевно му е во Формула 1 затоа што е на дното.

Прочитавме што мисли за Индикар, но јас сум во Формула Е и мислам дека имаме повеќе шанси да го приввлечеме во оваа серија.

Индијанаполис 500 е сосема различна приказна, но за цела сезона мислам дека му е подобро да дојде во Формула Е и не би бил изненаден доколку се реши за тоа.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.