Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан , откри дека маршалите во Мексико се виновни за оштетениот турбо полнач и казната поради замена на истиот во болидот на Даниел .

Викендот во Бразил уште не почна, а Рикардо доби казна од 5 позиции поради задолжителна замена на оштетениот турбо полнач.

Хорнер потври дека штетата на постоечкиот дел од моторот дошла откако Даниел рикардо се откажал од трката и го паркирал војот РБ14 болид крај патеката по 8ми пат сезонава, последен пат во Мексико Сити.

реално не може да ги обвините маршалите во мексико. болидот чадеше, а тие го гасеа од страната на издувниот систем и со тоа го загушија турбо полначот. поради тоа, рикардо ќе добие казна од пет позиции на стартот, но се надевам дека на ваква патека ќе надомести многу брзо – појасни хорнер за Sky Sports.

Во Ред Бул имаше проблеми денеска и во другиот дел од гаражата. Откако беше набрз во воведните 90 минути, Макс Верстапен голем дел од Т2 мина во гаражата поради протекување на масло од моторот.

се појави пукнатина во резервоарот за масло пред моторот. се сомневаме дека пукнатината е од мексико, затоа што за време на таа трка загубивме малку масло, но не можеме да бидеме сигурни. Макс имаше среќа што ја комплетираше трката.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.