Марко: Ја напуштаме Ф1 ако не успееме со Хонда

537

Хелмут Марко изјави дека Ред Бул ќе го напушти спортот доколку не успее партнерството помеѓу нив и Хонда.

Ред Бул во моментов ја возат нивната 14 сезона во Формула 1 откако го превземаа тимот на Јагуар.

Тие имаат четири двојни титули од 2010 до 2013 година и со тоа се еден од најголемите тимови на гридот, но сепак немаат победи во последно време.

Хонда после партнерството со Мекларен сакаше да го напушти спортот но сепак Ред Бул ги убедија да останат. Во следните години Ред Бул ќе бидат партнери на јапонците.

Соработката е добра со Торо РОсо и ќе продолжи со Ред Бул наредната година. Рено ги заменуваме со Хонда за што сме многу среќни и се надевам ќе продолжиме во наредните години. Ако не оди се по план, Ред Бул ќе го напушти спортот.

Тоа прави дополнителен притисок врз Хонда. Доколку Хонда не работи, ќе треба да се размислува меѓу Рено, Ферари и Мерцедес. Ферари и Мерцедес не даваат мотори на свои конкуренти и со тоа можноста се отфрла. Односите со Рено се расипани независно дали Ред Бул би се вратил таму.

Доколку не се променат правилата за моторите и да се појават нови производители, Ред Бул ќе нема други опции.


Booking.com

Марко: Ја напуштаме Ф1 ако не успееме со Хонда

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>