Советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, е голем оптимист за шансите на Ред Бул за успех следната година. Од почетокот на турбо хибридната ера, Ред Бул се жалат на моторот кој го добиваат од Рено и поради тоа решија да не ја продолжуваат соработката и од 2019 година да се тркаат со мотори на Хонда.

Веќе ги имаме бројките од тестовите со новите крила и поради тоа сме големи оптимисти – откри Марко за Auto Motor und Sport.

Јапонците од Хонда се мачеа во нивните три години партнерство со Мекларен од 2015 година до 2017 година, но сезонава имаат вистинска ренесанса откако почнаа ексклузивно да доставуваат свои мотори само во Торо Росо.

Очекуваме Хонда да биде само 13 коњски сили (10 киловати) послаба од Ферари и Мерцедес, а мислиме дека нашата добра шасија ќе го компензира тоа.

Макс Верстапен победи со својот РБ14 во Мексико, но поради тоа што големата надморска височина и природата на воздухот ги изедначуваат моторите повеќе одошто на другите автодроми.

Никој не сака да верува во тоа, но тоа е факт. Во Бразил повторно ќе биде тешко за нас поради многу долгиот правец, но да видиме како ќе минеме во Абу Даби. Во моментов нашиот болид е многу брз.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.