Советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, смета дека неговата екиап е фаворит за пол позицијата во Мексико откако “разјарените бикови“ постигнаа 1-2 пласман на двете петочни тренинг сесии. Условите на Автодромот Ерманос Родригез поттикнаа голема дебата, едни сметаат дека надморската висина не влијае многу на брзината, додека други сметаат дека влијае премногу.

Сепак, јасно е дека надморската височина не е “по ќејф“ на Ферари и Мерцедес кои беа далеку зад ритамот на Ред Бул во Петок. Прдноста на екипата од Милтон Кинс пред остатокот од гридот е цела секунда, а Карлос Саинз од Рено завршуваше на трето место по првите две сесии.

Ред Бул е во одлична позиција да стигне до пол позиција денеска. Таканаречениот квалификациски мод на Ферари и Мерцедес не им носи предност овдека.

Нашите инженери сватија дека квалификацискиот мод може да биде користен само еден круг, а тоа ќе биде во рамките на нивниот нормален ритам на оваа патека – изјави Марко за Motorsport-Total.

Австриецот исто така откри дека проблемтие од вчера со РБ14 болидот на Верстапен нема да имаат никакво влијание врз остатокот од викендот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.