Марко: Успехот на Ред Бул и Хонда би бил огромен во Јапонија

108
   

Хелмут Марко од Ред Бул верува дека идната соработка на тимот со Хонда би била огромна во Јапонија, особено ако тимот почне да победува.

Минатиот викенд во Јапонија, Торо Росо имаше огромна популарност помеѓу фановите, иако годинава имаат релативно лоши резултати. Возачите на Торо Росо, Брендон Хартли и Пјер Гасли, стартуваа од 6то и 7мо место на домашната трка за Хонда, укажувајќи на можен успех во истата, но на крајот завршија надвор од поени.

Многу е ветувачки. Имаме толку големо добредојде во Јапонија. Може да замислите што би се случило ако почнеме да победуваме? Да бидеме на челни позиции, тоа би било огромно.

Навистина одвај чекаме на следната година со друг мотор. Видовме колку се способни во квалификациите – изјави Хелмут Марко.

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, исто така е охрабрен од формата на Хонда со нивната последна спецификација.

Секако дека преку целиот викенд, а исто така и во Русија, го следевме нивниот напредок. Одлично е да се види дека прават вистински чекори напред. Многу сме возбудени од развојот кој го постигнаа и очигледно се надеваме за 2019 година.

Може да се види дека брзината на болидот на правците не е добра, а во таа област се надеваме дека преку соработката наредната година со Хонда ќе бидеме повеќе изедначени – вели Хорнер.

Пјер Гасли, кој се сели во Ред Бул по крајот на сезоната, вели дека е прерано да се процени колку ќе биде конкурентен пакетот.

Болидите ќе бидат поинакви и треба да почекаме да видиме каков пакет ќе имаме. Ред Бул секогаш произведува брзи болиди, а за шасијата се познати.

Мислам дека со подобрувањата на Хонда, чекорите кои тие ги превземаат во моментов, би можеле да бидеме во навистина добра позиција. Ќе дознаеме за шест месеци. Се може да се случи. Не би сакал премногу да размислувам за тоа моментално – истакна Гасли.


Марко: Успехот на Ред Бул и Хонда би бил огромен во Јапонија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>