Марко смета дека Вандорн не е доволно брз

69
   

Советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко изјави дека Торо Росо нема да го земат Стофел Вандорн ви тимот следната година затоа што е премногу бавен. Белгиецот призна дека речиси нема никакви шанси за место на гридот следната година откако Мекалрен се одлучија да ги доверат болидите на Карлос Саинз и Ландо Норис во 2019 година.

Нема да го земеме Стоф затоа што мислам дека не е доволно брз за Формула 1 – откри Марко за RTBF.

Откако стана јасно дека Вандорн нема да биде дел од Формула 1 се појави можност тој да вози за фабричката екипа на Мерцедес во Формула Е серијата. Тото Волф е полн со пофалби за возачот и мисли дека добро ќе се вклопи во нивниот електричен проект.

Секогаш ми се допаѓал Стофел, брилијантен возач во јуниорските катеогирии. Мислам дека мораме да разбереме што му се случи и што не му беше погодено во Формула 1. Карактерот и брзината ќе бидат одлични за Мерцедес, но ќе видиме.


Марко смета дека Вандорн не е доволно брз

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>