Марко разочаран од стартот на Верстапен

253
   

Советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко е разочаран од начинот на кој неговиот возач Макс Верстапен стартуваше во Јапонија затоа што очекувал да ги притисне и помине болидите на Мерцедес.

21-годишниот холанѓанец почна од вториот ред веднаш зад сребрените болиди, но немаше брзниа за да нападне некој од нив. Дополнително, на крајот од круто попушти под притисокот и излета пред шиканата, а потоа и доби казна за небезбедно враќање на патеката.

Макс не тргна лошо, всушност имаше просечен старт. За жал, ние никогаш немаме добар старт кога тоа ни е потребно. Ако го миневме Ботас ќе можевме вистински да го притиснеме Хамилтон. Во таков случај Луис немаше да може да ги штеди своите гуми затоа што и кога возеше бавно видовме дека му се појавуваа меури – објасни Марко за Auto Motor und Spor/.


Марко разочаран од стартот на Верстапен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>