Марко: Размислуваме за тимски наредби

163

Доктор Хелмут Марко, Советникот за моторспорт во Ред Бул, најави дека идни недоразбирања и инциденти на патеката помеѓу возачите на тимот ќе доведат тимски наредби на сила. Марко, заедно со тимскиот шеф Кристијан Хорнер, го окарактеризираа сударот помеѓу Рикардо и Верстапен како неприфатлив и наредија на возачите јавно да се извинат во фабриката.

Следниот судар ќе донесе тимски наредби иако ние секогаш сме против тоа најави Хелмут за германски Bild.

И додека најголем дел од аналитичарите сметаат дека Макс е виновен за инцидентот, доктор Марко застана во одбрана на својот возач.

Го земавме Макс токму поради неговата брзина и неговата агресивност. Но, во тој случај понекогаш имате и многу искри.


Марко: Размислуваме за тимски наредби

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>