Советникот на Ред Бул и близок пријател на Ники , доктор Хелмут , смета дека пред австриската Формула 1 легенда има уште многу опоравување.

Минатото лето “летечкиот Ники“ се разболе додека беше на одмор во својата куќа на Ибица по што му беа трансплантирани бели дробови во Виена, а потоа докторите открија дека само неколку денови го делеле од смрт доколку не била направена операцијата.

Поради здравствената состојба Лаудап ропушти речеиси половина секунда, а по Божиќните празници повторно беше вратен на интенвизна нега поради грип кој го нападнал неговиот ослабен имунитет. Според Марко, Ники уште некое време нема да го има во Формула 1 падокот.

лауда има уште многу за да се опорави и му треба трпение. сепак, сигурен сум дека по телефон одлично ќе го поддржува својто тим – изјави марко за RTL.

Синот на Ники, Матиас Лауда, за италијанска La Gazzetta dello Sport откри детали околу опоравувањето на татко му со цел да се врати на секојдневните работни обврски.

му треба физиотарапевт за да ја врати својата енергија. тој имаше многу сложена операција и лоши моменти, но има силен карактер и е огромен борец. тренира неуморно и се надевам дека наскоро ќе се врати во форма.

секоја ден зборувам со него, кога не сум со него, тогаш брат ми лукас е крај него. сепак, еден од нас е крај него во виена – откри матиас.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.