Марко: Мик Шумахер не е наша цел

184

Советникот на Ред Бул моторспорт, доктор Хелмут Марко, ги отфрли како неточни гласините дека цел на Торо Росо за следната тркачка сезона е Мик Шумахер. Синот на седумкратниот Формула 1 првак годинава се трка во Формула 3 серијата и имаше 3 победи на еден тркачки викенд возен минатиот викенд на Нирбургтинг со што дојде на само три поени од лидерот во поредокот, Дан Тиктум, возач поддржан од Ред Бул.

Motorsport пренесе дека фантастичната форма на возачот го носи многу блиску до место во Торо Росо за следната година, а за доволно поени на супер лиценцата му треба само уште еден Формула 3 подиум, на два тркачки викенди односно шест трки до крај на тамошната сезона.

Тој не се наоѓа на нашата листа потенцијални возачи и не сме имале никаков контакт со него – кратко и јасно изјави Марко за германски Auto Bild.

За сега екипата од Фаенца има едно слободно место поради тоа што Пјер Гасли од следната сезоан ќе биде прекомандува во Ред Бул, а поради лошите перформанси на Брендон Хартли, многу лесно може да се случи и тој да замине по што на тимот ќе му требаат двајца возачи.

Најсилни до сега беа шпекулациите дека Даниил Квјат ќе се врати во тимот откако во вториот дел од минатата сезона беше целосно исклучен од програмата на Ред Бул. Интересен за “биковите“ е и Стофел Вандорн, а поради поврзаноста со Мерцедес, Естебан Окон не е во комбинација.


Booking.com

Марко: Мик Шумахер не е наша цел

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>