Доктор Хелумт Марко потврди дека Ред Бул не се засегнати околу моторот на Ферари и дебатата околу неговата легалност. Австриецот и верува на ФИА кои излегоа со соопштение дека италијанците од Маранело не прават ништо нелегално, а смета и дека Мерцедес треба да го направат истото.

Консултантот на Ред Бул Моторспорт смета дека “сребрените“ треба да “заќутат“ и да се концентрираат да ги победат Ферари наместо да се жалат секојдневно на ФИА.

Мерцедес имаше далеку најдобар мотор четири години по ред, а сега Ферари се подобри од нив. Тие мора да прифатат тоа, а не да бараат кривци за тоа што не доминираат. Во Ред Бул ние не сме засегнати од гласините околу моторот на Скудерија – изјави Марко за германски Auto Bild.

Тој го пофали и својот поранешен возач, Себастијан Ветел.

Точно знаеме што може Себастијан Ветел да направи, вклучително и со развојот на моторот. Тој е причината поради која Ферари ги стигна Мерцедес, а сега на Мерцедес им треба константно да имаат среќа затоа што кога се е во ред со Ферари, не може да ги победат.


3 КОМЕНТАРИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.