На почетокот на неделава, Мекларен преку својот портпарол и Твитер профил објавија дека улогата на Технички директор во тимот ќе ја превземе сегашниот технички шеф на Торо Росо, Џејмс Кеј. Советникто за моторспорт во Ред Бул, доктор Хелмут Марко врати на ова тврдење откривајќи дека британецот има валиден договор со Фаенца, а денеска потврди дека Торо Росо не се подготвени да го ослободат од обврските.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Медиумите шпекулираат дека првиот човек на Мекларен, Зек Браун, разговарал со Ред Бул околу ангажманот на Кеј, но Марко по се изгледа дека сака да стави вето на заминувањето на инженерот.

Тој има долгогодишен договор со Торо Росо. Имавме разговори со Зек и наместо да се советува со нас, тој пушти соопштение преку медиумите. Ние се држиме до договорот кој го има Кеј со нас, а Мекларен ќе треба доста долго да почекаат за тој да почне да работи кај нив – изјави Марко за Motorsport.

Поради договорната обврска која ја има Џејмс со Торо Росо, медиумите почнаа да шпекулираат дека Торо Росо сакале во договорот да биде вклучен Ландо Норис со цел Кеј да биде ослободен од обврските. Но, Марко и ова го демантираше.

Ситуацијата е јасна. Доколку Мекалрен не најдат Формула 1 место до 30 Септември за Ландо Норис, тој е слободен да си замине. Зошто би се договарале во таква ситуација – смета Марко.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.